ПРВ.мк
Магазин

Роналдо и Џорџина по девет години врска – свршеница со прстен од 200.000 евра

Роналдо и Џорџина по девет години врска – свршеница со прстен од 200.000 евра

Кристијано Роналдо по девет години врска конечно ѝ предложи брак на својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез. Таа гордо го покажа големиот дијамантски веренички прстен, вреден 200.000 евра, објавувајќи фотографија на социјалните мрежи со порака: „Да, и во овој живот и во сите други животи“.

Долго време во јавноста кружеле шпекулации кога фудбалерот ќе се сврши со Џорџина, но двојката ретко зборувала за тоа. Роналдо во минатото изјавил дека не сака да брза и дека сè ќе се случи во вистинскиот момент.

Двајцата се запознале во 2016 година, кога Џорџина работела во бутикот „Гучи“ во Мадрид, две години по прекинот на Роналдо со манекенката Ирина Шајк. На почетокот ја криеле својата врска од јавноста.

Escape