ПРВ.мк
Црна Хроника

Почина скопјанец кој паднал од тротинет – телото дадено на обдукција

Почина скопјанец кој паднал од тротинет – телото дадено на обдукција
Escape

Скопјанец на 55-годишна возраст починал откако претходно паднал од електричен тротинет, но не побарал лекарска помош.

На 2 август во 09:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека мажот бил донесен веќе починат во ГОБ „8 Септември“ со возило од Итната медицинска помош. Станува збор за лицето Б.С. од Скопје.

Според информациите, тој паднал на 31 јули, но не се обратил во болница. По наредба на јавен обвинител, телото е пренесено на Институтот за судска медицина за да се изврши обдукција и да се утврдат точните причини за смртта.

Mia Home Mavrovo