ПРВ.мк
Свет

Млада италијанска одбојкарка трагично загина на забава во вила

Млада италијанска одбојкарка трагично загина на забава во вила
Escape

Симона Лучина, 20-годишна италијанска одбојкарка на плажа, беше пронајдена мртва во базен за време на забава што се одржувала во приватна вила во Палермо. Несреќата длабоко ја потресе јавноста во Италија.

Според првичните информации од италијанските медиуми, Симона паднала во базенот и не успеала да се спаси. Брзата интервенција на итните служби, за жал, не можела да ја спаси младата спортистка – на местото само ја констатирале смртта.

Последната објава на Инстаграм ја споделила околу 1 часот по полноќ, пред да се случи трагедијата.

По нејзината смрт се огласи и претседателот на нејзиниот поранешен клуб, Капасенсе Волеј:

„Симона ја сакаше одбојката. Играше за нашиот клуб до минатата година. Спортот ѝ беше сѐ. Имаше големо срце и беше посветена на младите играчи. Ова е огромна загуба за нашата заедница. Ќе ја паметиме со љубов и почит.“

Симона ова лето учествувала на неколку турнири во одбојка на плажа и била препознаена како надежен млад талент.

Mia Home Mavrovo