Земјотрес со магнитуда 6,7 според Рихтер ја погоди областа на Курилските Острови во Тихиот Океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот бил на 270 километри од Камчатка, на длабочина од 53 километри.
Овој земјотрес следи по силниот удар што ја погоди Камчатка на 30 јули, кога беше регистриран земјотрес со магнитуда 8,8, најсилен од 1952 година.
Поради ризикот од цунами, властите издадоа предупредување за евакуација на жителите од крајбрежните зони во Русија и пошироко во регионот на Тихиот Океан.
Ask ChatGPT