Јапон ерлајнс започна иницијатива со која им нуди бесплатни домашни летови на странските туристи, но само под одредени услови.
Со оваа понуда, патниците кои резервираат повратен меѓународен лет со „Јапон ерлајнс“ добиваат можност бесплатно да отпатуваат и до некои од помалку посетените градови во земјата. Целта е да се намали пренатрупаноста во популарните дестинации како Токио и Кјото, и да се охрабрат туристите да откријат нови делови од Јапонија, како Хокаидо или Хирошима.
За да ја искористат оваа понуда, патниците мора да купат авионски билет со вклучен домашен лет, како дел од иста резервација. Понудата важи за граѓани од земји како САД, Канада, Мексико, Австралија, Нов Зеланд, Тајланд, Сингапур, Виетнам, Филипини, Индонезија, Индија, Кина и Тајван.
Иако нема прецизен рок до кога важи понудата, се очекува листата на земји да се прошири.