МВР информира дека денеска инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода поднесоа кривична пријава против тројца државјани на Република Судан – И.Ш.(20), Х.С.(20) и А.Г.(19), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид по член 237 во врска со член 19 од Кривичен законик на РСМ.
Случајот се случил во четврток на трим патеката на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје. Додека оштетениот М.Т.(27) се движел со своето куче, бил пресретнат од тројцата сторители кои побарале пари од него. Откако М.Т. одговорил дека нема, лицата го пребарале по џебови и физички го нападнале, предизвикувајќи видливи повреди, по што се оддалечиле во непознат правец.
По преземени оперативни мерки, сторителите биле идентификувани и лишени од слобода. Во присуство на јавен обвинител во просториите на Прифатен центар за странци, оштетениот целосно ги препознал тројцата како сторители на кривичното дело.
Истиот ден, обвинетите биле изведени пред судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје, кој им изрече мерка притвор од 30 дена.

















