ПРВ.мк
Балкан

РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ: Турција испраќа борбени авиони Ф-16 - што е следно?

РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ: Турција испраќа борбени авиони Ф-16 - што е следно?
Kristal

Турција утре ќе испрати шест борбени авиони Ф-16 на Кипар за да ја поддржат безбедноста на турскиот дел од островот, јави „Сајпрус меил“, повикувајќи се на вршителот на должноста директор на воздухопловните власти на кипарските Турци, Аксин Месели.

Првично беше најавено дека на островот ќе бидат распоредени четири авиони, но бројот е зголемен на шест, кои се очекува да пристигнат во понеделник во раните утрински часови на аеродромот Ерџан, во турскиот дел на Кипар.

Месели истакна дека распоредувањето на авионите се случува во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, по нападите со ирански беспилотни летала врз Кипар лансирани од Либан.

Турската акција се смета како мерка за заштита на турските интереси и безбедноста на турското население на островот во време на зголемени регионални тензии.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo