United States Secret Service соопшти дека нејзини агенти застрелале маж кој се обидел нелегално да влезе во имотот на претседателот Доналд Трамп во Мар-а-Лаго, јавува Sky News.
Инцидентот се случил околу 1:30 часот по локално време. Според официјалното соопштение, агентите на Тајната служба заедно со заменик-шерф од округот Палм Бич го пресретнале мажот, по што биле испукани истрели. Никој од припадниците на службите не бил повреден.
Иако Трамп често ги минува викендите во својот резорт во Флорида, во моментот на инцидентот тој се наоѓал во Белата куќа. Од Тајната служба информирале дека во моментот на настанот на локацијата немало лица под нивна директна заштита.
Со него таа вечер била и неговата сопруга Меланија Трамп, каде што биле домаќини на традиционалната годишна вечера со гувернерите – настан на кој присуствуваат политички лидери од двете партии.
Мар-а-Лаго, лоциран во Палм Бич, е луксузен приватен клуб и резиденција на Доналд Трамп, купена во 1985 година. Имотот, изграден во 1920-тите, често се нарекува „Зимска Бела куќа“ поради одржувањето на политички состаноци и официјални настани.
Резиденцијата во минатото беше предмет и на претрес од страна на ФБИ во 2022 година, поврзан со истрага за класифицирани документи. Истрагата за најновиот инцидент е во тек.

















