ПРВ.мк
Топ Вести

САД понудиле безбедносни гаранции за Украина, но Зеленски незадоволен - еве што посакува!

САД понудиле безбедносни гаранции за Украина, но Зеленски незадоволен - еве што посакува!
Kristal

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина преговара со САД за безбедносни гаранции, но не е задоволна со понудените 15 години и инсистира на подолг период од најмалку 30 години.

„САД предложија гаранции од 15 години, но ние сакаме да додадеме уште 20 години, за периодот да биде помеѓу 30 и 50 години“, рече Зеленски. Тој истакна дека целта на подолгите гаранции е да се обезбеди сигурност и доверба за инвеститорите, кои бараат стабилност над повеќе од една деценија.

Претседателот нагласи дека Украина продолжува да работи со сите меѓународни партнери за да ги зајакне своите безбедносни гаранции и дека конечната одлука ќе зависи од администрацијата и Конгресот на САД.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo