Во натпревар од Ла Лига, Валенсија славеше како гостин кај Леванте со резултат 2:0, со што направи скок на 14. место на табелата.
Еден од клучните фактори за триумфот беше Столе Димитриевски, кој со фантастична интервенција во првиот дел спречи Леванте да поведе.
До крајот на натпреварот, Валенсија постигна два гола и заслужено дојде до победата, обезбедувајќи важни три бода.

















