ПРВ.мк
Спорт

ВЕЛЕШКИОТ ТАЛЕНТ ВО АКЦИЈА: Ристевски ново засилување во редовите на Македонија Ѓорче Петров!

ВЕЛЕШКИОТ ТАЛЕНТ ВО АКЦИЈА: Ристевски ново засилување во редовите на Македонија Ѓорче Петров!
Kristal

Во време кога Велес нема сениорски ракометен клуб, младите таленти од градот се принудени својата спортска иднина да ја градат во други средини. Еден од најобетувачките, Панче Ристевски, оваа пролет ќе го носи дресот на Македонија Ѓорче Петров во Првата ракометна лига.

Ристевски зад себе има извонредна сезона 2023/24, на кадетскиот Ф4 турнир освои титули за најдобар стрелец и најдобар лев бек, што ја потврдува неговата квалитетна игра и големиот потенцијал.

Младиот лев бек веќе се приклучи на тренинзите со новиот клуб, каде ќе учи од искусниот стратег Оливер Димитриоски, што претставува значаен чекор во неговиот развој и стабилизирање на формата на повисоко натпреварувачко ниво.

Додека Велес чека повторно да добие сениорски клуб, Ристевски и другите млади таленти ќе продолжат да грабаат успеси надвор од дома, со надеж дека еден ден нивните голови ќе донесат нова ракометна гордост за родниот град.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo