ПРВ.мк
Свет

КРАЈ НА ОРБАНОВАТА ИМПЕРИЈА?! Унгарија на нозе, обложувалниците предвидуваат политчки земјотрес кој ќе го тресе светот!

КРАЈ НА ОРБАНОВАТА ИМПЕРИЈА?! Унгарија на нозе, обложувалниците предвидуваат политчки земјотрес кој ќе го тресе светот!

До парламентарните избори во Унгарија, кои се сметаат за клучни не само за земјата, туку и за иднината на Европската унија, останаа само неколку дена. Премиерот Виктор Орбан, кој е на власт веќе 16 години, се наоѓа пред можен голем политички удар. Обложувалниците на платформата Polimarket покажуваат дека шансите за промена на власта се реални, а политичката сцена е во неизвесност.

Повеќето анкети укажуваат дека Орбановиот Фидес, на власт од 2010 година, би можел да изгуби од опозициската партија Тиса и нејзиниот лидер Петер Маџар. Според експерти, овие избори претставуваат пресвртница, а потенцијалниот пораз на Орбан би имал значајни последици за иднината на ЕУ.

Во Брисел, многумина ја фаворизираат помирливата опозиција, бидејќи Орбан во изминатите години често се спротивставуваше на одлуките на другите членки на блокот. Новата партија Тиса донесе нов феномен на политичката сцена – разликите меѓу провладини и независни истражувања станаа значајни. Независните анкети даваат поголема поддршка за Тиса, додека провладините институти прикажуваат предност за Фидес.

На платформата Polimarket, обложувалниците најмногу веруваат во победата на Маџар со 67%, додека Орбан добива 37%. Доколку овој тренд се потврди, главното прашање ќе биде дали Тиса ќе обезбеди доволна мнозинство за да го промени „нелибералниот“ систем на Орбан, вклучувајќи ги и независните институции.

И покрај можната промена, Европа се подготвува и за сценарио во кое Орбан повторно победува, продолжувајќи да го нарушува единството на ЕУ. Орбан, кој беше поддржан од Доналд Трамп и Владимир Путин, често предизвикува контроверзии поради своите проруски ставови и блокирањето на европски иницијативи, како заемот за Украина од 90 милијарди евра.

Петер Маџар, лидер на Тиса, апелира до гласачите да му овозможат „супер мнозинство“ во парламентот за да го отстрани Орбан и неговиот систем, со цел да смени клучни позиции како претседател, највисок судија и главен обвинител. Анкетите покажуваат дека Тиса е на пат да обезбеди двојно мнозинство, додека некои извори покажуваат малку пониско, но сепак доволно за стабилна парламентарна контрола.

Со овие избори, Унгарија можеби се наоѓа на прагот на политички земјотрес кој ќе одекне низ цела Европа.