Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, кабинетот на градоначалникот на Кавадарци денеска беше исполнет со детска насмевка, искреност и празнична топлина. Во кратка, но особено пријатна посета, градоначалникот го пречека учениците од I-2 одделение при ООУ „Тошо Велков Пепето“, предводени од наставничката Милица Кабранова.

За време на посетата, најмладите имаа можност лично да го поздрават градоначалникот и да му го честитаат претстојниот Велигден, притоа подарувајќи му симболичен подарок изработен со многу внимание, труд и детска креативност.

Средбата помина во исклучително пријатна атмосфера и уште еднаш потврди дека токму ваквите моменти носат посебна вредност во празничните денови. Искрените детски гестови, исполнети со почит и радост, се најубав потсетник дека празничниот дух се гради преку едноставни, но значајни средби.

Овој топол велигденски момент остави силна порака за заедништво, внимание и негување на вистинските вредности уште од најрана возраст.











