Педесет и шестгодишен жител на Скопје е уапсен во прилепското село Слепче, општина Долнени, поради сомнение дека допирал малолетничка од Прилеп, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Приведувањето се случило на 5 април 2026 година во 22:10 часот, кога полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода осомничениот.
Од МВР истакнуваат дека се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.










