ПРВ.мк
Свет

Голем скандал во Украина: Пратеници и војници фатени со рацете во медот

Голем скандал во Украина: Пратеници и војници фатени со рацете во медот
Escape

Украинските антикорупциски институции обелоденија сериозен корупциски скандал во одбранбениот сектор на земјата, во кој се вмешани високопозиционирани политичари и воени лица. Според Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ), станува збор за организирана мрежа која проневерила државни пари преку набавка на беспилотни летала и опрема за електронско војување по вештачки зголемени цени.

Истрагата покажала дека во мрежата се вклучени народен пратеник, поранешен гувернер на Луганската област, сегашни шефови на окружни и градски воени администрации, командант на единица од Националната гарда, како и директор на приватна фирма што испорачувала дронови за армијата. Дел од нив денеска се уапсени, а доказите укажуваат на милионски злоупотреби во 2024 и 2025 година.

Овој случај излезе на површина откако украинскиот претседател Володимир Зеленски на 31 јули потпиша закон со кој се враќа независноста на НАБУ и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП), откако само неколку дена претходно таа им беше одземена, што предизвика масовни протести низ Украина.

Зеленски денеска и јавно ја потврди аферата.

„Еден од народните пратеници на Украина, како и одредени раководители на окружните и градски управи и војници на Националната гарда се разоткриени за примање мито. Им благодарам на органите за борба против корупцијата за нивната работа. Може да постои само нулта толеранција за корупцијата. Потребна е јасна тимска работа и праведна казна“, изјави претседателот.

Тој потенцираше дека независноста на антикорупциските институции е клучна за реална и ефикасна борба против криминалот, а токму тоа го гарантира новиот закон што го потпиша.

Потсетување, украинскиот парламент на 22 јули усвои закон со кој се ограничуваа надлежностите на НАБУ и САП, но по притисокот од граѓаните и протестите, на 24 јули беше одобрен нов текст со кој повторно им се враќа автономијата на овие тела. Законот беше усвоен на 31 јули, а Зеленски истиот ден го потпиша.

Mia Home Mavrovo