ПРВ.мк
Свет

Москва ја реши дилемата: Новата руска едреќа бомба УМПБ-5 го менува текот на војната во Украина

Москва ја реши дилемата: Новата руска едреќа бомба УМПБ-5 го менува текот на војната во Украина
Escape

Пред војната, руските едреќи бомби беа релативно скапи и затоа ретко се користеа.

Русија почна да користи нова управувана едреќа бомба, додека активно го развива своето воздушно вооружување за бомбардирање на украинската инфраструктура. Украинските власти велат дека руските нови управувани воздушни бомби УМПБ-5 биле испуштани од борбени летала Су-34 во две области во последните два месеци како дел од тестирање на новото оружје, пренесува Newsweek.

Анализата доставена до Newsweek од Фондацијата за одбрана на демократијата (FDD) наведува дека станува збор за напори на Русија да развие евтино вооружување. Пред Владимир Путин да започне целосна инвазија на Украина, Москва потценуваше колку едреќи бомби и други управувани проектили ќе ѝ бидат потребни. Пред војната, руските едреќи бомби беа релативно скапи и затоа ретко се користеа.

Џон Харди од FDD смета дека неуспехот на Русија да ги уништи украинските противвоздушни системи на почетокот од инвазијата ја поттикнал Москва да развие евтини едреќи бомби со домет надвор од дофатот на Украина, за нивното воено воздухопловство да има поголема улога.

Украинските власти наведуваат дека УМПБ-5 првпат е употребена во Сумска област, а потоа и во два последователни напади на Харков на 24 и 25 јули. Еден од нападите погодил болница. Су-34 наводно ја испуштил бомбата околу 105 километри од руската Белгородска област.

Бидејќи оружјето сè уште се тестира, неговите точни карактеристики не се целосно познати. Сепак, името едреќа бомба УМПБ-5 сугерира дека станува збор за изведенка на УМПБ Д-30СН, која првпат беше забележана во пролетта 2024 година. Новиот модел има 80 километри поголем домет, а боевата глава тежи дури 2,5 пати повеќе, околу 250 килограми.

Евтините едреќи бомби имаат клучна улога во рускиот напад. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, Москва во јули 2024 година ги користела околу 160 дневно, што е осум пати повеќе од пролетта 2023 година.

Главната користена бомба е УМПК, која првпат беше забележана во јануари 2023 година. Таа е дизајнирана за адаптација на неуправувани бомби, и првично се користеше со ФАБ-500 М-62, високоударна бомба тешка околу 500 килограми, но од тогаш е прилагодена за различни видови бомби.

Москва во мај почна да користи модифицирана верзија на УМПК со поголеми крила и домет од најмалку 100 километри во региони Суми и Харков. Џон Харди, заменик директор на програмата за Русија во FDD, вели дека Москва користи нова управувана едреќа бомба УМПБ-5, која „изгледа како посилна изведенка на бомбата претставена минатата година“.

  • УМПБ-5 е ново оружје што Русите почнаа да го користат пред околу два месеци. Сè уште го тестираат, а точните карактеристики сè уште не се познати со сигурност – изјави Спартак Борисенко од обвинителството на Харковската област.
Mia Home Mavrovo