ПРВ.мк
Спорт

(Видео) Натпреварот на Охрид доби романтичен епилог – падна запросување!

(Видео) Натпреварот на Охрид доби романтичен епилог – падна запросување!
Kristal

Ракометарите на РК Охрид вечерва во Прага го одиграа реванш-натпреварот против Дукла Прага во рамки на осминафиналето од ЕХФ Европски куп, но покрај спортската неизвесност, вечерта донесе и сцена што никој нема да ја заборави.

Во момент кога вниманието беше вперено кон теренот, атмосферата доби сосема поинаква димензија. Валентин клекна пред својата сакана Јована и пред сите присутни во салата ѝ го постави најважното прашање во животот. Без трошка двоумење, таа одговори со јасно и гласно „Да“, по што трибините експлодираа во аплауз и овации.

Спортската арена во Прага за миг се претвори во сцена од романтичен филм. Играчите, навивачите и присутните беа сведоци на емотивен чин што ја надмина резултатската важност на мечот. Радоста и емоциите беа видливи насекаде, а просидбата стана вистински врв на вечерта.

Од клубот од Охрид подоцна споделија фотографии од незаборавниот момент, нагласувајќи дека оваа европска авантура ќе се памети не само по спортската борба, туку и по љубовта што блесна посилно од рефлекторите во салата.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo