ПРВ.мк
Спорт

Карлос Алкараз со драстична промена на имиџот – навивачите го споредуваат со млад Дејвид Бекам

Карлос Алкараз со драстична промена на имиџот – навивачите го споредуваат со млад Дејвид Бекам

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз за само едно деноноќие ја изненади јавноста со сосема нов изглед. Наместо препознатливата коса со која настапуваше на турнирите, Алкараз се појави со кратка „кец“ фризура што веднаш предизвика огромни реакции на социјалните мрежи.

Фановите беа изненадени од неговата трансформација, а дел од коментарите отидоа дотаму што го споредија со Дејвид Бекам од почетокот на 2000-те години, период во кој англискиот фудбалер беше вистинска модна икона.

Дури и официјалниот профил на Отвореното првенство на САД се пошегува со новиот имиџ на Алкараз, објавувајќи видео со опис: „Добредојде, Дејвид Бекам од 2000-те“.

Овој потег уште еднаш го потврди фактот дека Алкараз, покрај тенискиот талент, е и спортист кој со секој јавен настап предизвикува внимание и создава трендови.

Escape