ПРВ.мк
Спорт

Фудбалот под американски притисок – дали ќе ја изгубиме вистинската игра?

Фудбалот под американски притисок – дали ќе ја изгубиме вистинската игра?
Escape

Фудбалот како што го знаеме е под закана од комерцијален напад што ја менува душата на спортот. Американскиот стил – полни стадиони, шоу-програми, бескрајни прекини и монополски интереси – можеби носи забавa, но ја оддалечува страста и искреноста што ја прават играта светска.

Со Трамп и Инфантино на чело, а со најголем број натпревари во историјата и екстремни формати, прашањето е дали фудбалот ќе остане игра на народот или ќе стане уште едно глобално шоу управувано од моќници и бизнисмени кои сакаат профит, а не љубов кон спортот.

Дали сакаме да гледаме како американскиот „бизнис модел“ го превзема светот на фудбалот, со бескрајни реклами, шоу-ефекти и слаба конкурентност? Или сакаме фудбал кој пулсира со срцето на навивачите и ги чува традицијата и вистинската игра?

Натпреварите веќе не се само за фудбал, туку станаа „шоу“ што го оддалечува вистинскиот дух. Дали е време да кажеме НЕ на американизацијата и да ја сочуваме вистинската душа на најубавата игра?

Mia Home Mavrovo