Докторка од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола вчера била фатена како прима поткуп, во акција што ја потврдија и Министерството за здравство и Јавното обвинителство.
Институциите веднаш реагирале – од Министерството за здравство соопштија дека се започнати дисциплински процедури за утврдување на одговорноста на докторката, согласно со постоечките закони.
Од Обвинителството информираа дека за случајот веќе постапуваат и обвинителите и полицијата, а се очекува наскоро да бидат објавени повеќе информации околу околностите под кои бил фатен овој обид за корупција.
Случајот повторно ја отвора темата за интегритетот на поединци во здравствениот систем, но и за потребата од поригорозен надзор и транспарентност во јавните институции.
Извор: Emagazin