ПРВ.мк
Македонија

Мислеше дека ќе се мажи – Скопјанка му дала голема сума пари на „сопруг од социјалните мрежи“, но никогаш не го видела

Мислеше дека ќе се мажи – Скопјанка му дала голема сума пари на „сопруг од социјалните мрежи“, но никогаш не го видела
Escape

ОХРИД/СКОПЈЕ, 17 јули 2025 – Она што започнало како љубовна приказна преку социјалните мрежи, завршило како класична измама – 65-годишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била измамена од човек со кого планирала брак.

На 16 јули 2025 година, во 09:00 часот, во СВР Скопје, оштетената пријавила дека уште во мај 2025, започнала комуникација со непознат маж преку социјална мрежа. По кратко време, тој ѝ предложил да склучат брак и да се сретнат во Охрид.

Но за наводната средба, измамникот побарал пари – под изговор дека му се потребни финансиски средства за патување и подготовка. Жената, доверувајќи му, му пратила вкупно 6.700 евра во три наврати преку брз трансфер на пари, а дополнително подигнала и кредит од 3.000 евра.

По неколкуте уплати, ветената средба во Охрид никогаш не се случила, а наводниот "сопруг" исчезнал од мрежите. Тогаш таа сфатила дека е жртва на измама, по што случајот го пријавила во полиција.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

Mia Home Mavrovo