ПРВ.мк
Македонија

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СКОПЈЕ: Без вода во Аеродром, без струја низ повеќе општини!

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СКОПЈЕ: Без вода во Аеродром, без струја низ повеќе општини!
Escape

Голем дефект на водоводната мрежа ја остави улицата Владимир Комаров во скопската населба Аеродром без вода. Според информациите од ЈП Водовод и Канализација, прекинот започнал уште од полноќ, поради сериозен дефект на цевка Ф-300мм кај број 13 на улицата.

Засегнати од прекинот во водоснабдувањето се:

  • Пензионерскиот дом
  • Кипер маркет
  • Една стамбена зграда на улицата Владимир Комаров

Надлежните информираа дека санирањето на дефектот започнало утрово од 09:00 часот, а водата ќе биде вратена веднаш по отстранување на проблемот. Засега не е прецизиран точен термин кога ќе заврши поправката.

Покрај тоа, денеска повеќе делови од Скопје ќе останат и без електрична енергија, поради планирани технички интервенции на мрежата, соопшти ЕВН Македонија АД. Еве кои локации ќе бидат погодени:

🔌 Општина Гази Баба

  • Булевар Киро Глигоров – без струја од 06:30 до 12:30 часот

🔌 Општина Карпош

  • Ул. Иван Цанкар (парни броеви)
  • Ул. Франце Прешерн (непарни броеви)
  • Ул. Вангел Дину ⏰ Од 09:00 до 12:00 часот
  • Ул. Бриселска ⏰ Од 09:00 до 15:30 часот

🔌 Општина Кисела Вода

  • Ул. Бистра (од ул. Живко Фирфов до ул. Гутенбергова)
  • Ул. Гутенбергова (од ул. Бистра до ул. Волтерова) ⏰ Обе улици ќе бидат без струја од 09:00 до 11:00 часот

🔌 Општина Аеродром

  • Ул. Ѓорѓи Капчев ⏰ Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 09:00 до 16:00 часот

Граѓаните се повикуваат на трпение и препорачливо е однапред да се подготват со резерви на вода и да ги наполнат уредите, особено оние кои работат од дома или имаат специфични потреби поврзани со електрична енергија.

Mia Home Mavrovo