По срамниот пораз со 3-0 од Челзи во финалето на Светското клупско првенство, тренерот Луис Енрике и раководството на Пари Сен Жермен се подготвуваат за вистинска фудбалска чистка. Иако ПСЖ ја освои Лигата на шампионите оваа сезона, разочарувањето од убедливиот неуспех во завршницата предизвика радикални одлуки – дури 11 фудбалери ќе бидат испратени од клубот.
Меѓу нив се имињата на Милан Шкрињар, Норди Мукиеле, Карлос Солер, Марко Асенсио и Рандал Коло Муани, кои минатата сезона беа на позајмици, но не успеаја да се наметнат за нова шанса во ПСЖ.
Покрај нив, уште петмина играчи – Габриел Москардо, Лукас Ернандес, Лукас Бералдо, Канг-ин Ли и Гонсало Рамош – добиле јасна порака дека треба да бараат нов клуб.
И како да не беше доволно, на листата на потенцијални заминувања е и голманот Џанлуиџи Донарума, чиј договор истекува во 2026 година. Засега нема договор за продолжување, па клубот размислува дали да го продаде ова лето или да го пушти да си замине бесплатно. За Донарума веќе се заинтересирани Челзи, Манчестер јунајтед и Манчестер сити.
Оваа радикална чистка на ПСЖ јасно покажува дека Луис Енрике и челниците на клубот немаат намера да дозволат повторување на дебаклот од финалето и се подготвени да го извадат целото „лошо месо“ од тимот.