ПРВ.мк
Македонија

Приведени сопственик на кафеана и пет странски државјанки по полициска акција!

Приведени сопственик на кафеана и пет странски државјанки по полициска акција!
Escape

Во текот на раните утрински часови, полицијата изврши акциска контрола во угостителски објект лоциран на улицата Браќа Миладинови, покрај автопатот Гостивар–Тетово. При контролата, приведен е сопственикот на објектот, Џ.М. (44) од Тетово.

Контролата била спроведена во периодот од 01:00 до 04:00 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово. Во објектот биле затекнати вкупно 11 женски лица на возраст од 20 до 53 години. Од нив, шест биле македонски државјанки, а пет државјанки на Албанија, Косово и Србија.

Странските државјанки биле приведени и задржани во полициска станица поради сомнение за злоупотреба на туристичкиот престој.

И сопственикот Џ.М. бил задржан, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape