ПРВ.мк
Македонија

Силен потрес во Косово – се затресе и Македонија!

Силен потрес во Косово – се затресе и Македонија!
Escape

Синоќа, околу 22:43 часот, жителите на Скопје и околината почувствуваа лесен земјотрес, кој според Европската макросеизмичка скала бил со интензитет од III степени.

Според официјалната информација од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на потресот се наоѓал на територијата на соседно Косово, 39 километри североисточно од Скопје, со јачина од 2,6 степени по Рихтеровата скала.

Земјотресот е регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, преку станиците распоредени низ целата држава и одржувани од Опсерваторијата. Станува збор за релативно слаб потрес, но доволно силен за да се почувствува од граѓаните во Скопскиот регион, особено во повисоките згради и во тивките делови од ноќта.

Иако нема пријавени штети или повредени, се потсетува јавноста дека Балканот е сеизмички активен регион и дека ваквите благи потреси се релативно чести.

Mia Home Mavrovo