BMW го најави комплетниот пресврт во својот дизајн со концептот Neue Klasse, а првиот модел што го носи овој нов правец е електричниот iM3, новата генерација на славниот M3, кој го напушта класичниот изглед со големите предни „бубрези“.
Новиот iM3 ќе има четири електрични мотори – по еден на секое тркало – што теоретски може да произведе дури 1.360 КС, а во производствената верзија се очекува моќност до 800 КС. Тоа ќе го направи најмоќниот и најбрзиот BMW M3 досега.

Дизајнот е радикално променет, со тенка предна решетка интегрирана со остри LED светла, рачки на вратите кои се вклопуваат во линијата на каросеријата и задни светла инспирирани од концептот Vision Neue Klasse, кои се помали и потенки со изразен дифузер.

BMW планира да продолжи со бензинската верзија на M3 со шестцилиндричен мотор, оставајќи им на купувачите избор меѓу класиката и електричната иднина.
iM3 е симбол на технолошката и дизајнерска трансформација на BMW и најавува возбудлива нова ера за брендот, каде електричните автомобили не мора да бидат само еколошки, туку и вистински возачки уживања.