ПРВ.мк
Магазин

Ова е најпосакуваната професија во светот за оваа година

Ова е најпосакуваната професија во светот за оваа година
Escape

Според нова мапа објавена од компанијата за финансиски услуги Remitly, професијата пилот е најпосакувана глобално за 2025 година. Истражувањето покажува дека фразата „како да се стане пилот“ била пребарувана повеќе од 432.000 пати на Google во 2024 година, со најголем интерес од Египет, Чешка и Словачка.

Правната кариера е на второто место по популарност, особено барана во Франција, Бразил, Кина и Шпанија. Третото место му припадна на полицијата, со најголема заинтересираност во Јужна Кореја и Полска.

Во Европа, Италијанците најмногу ги интересира како да станат фитнес тренери, додека Бугарите се насочени кон таксисти. Професорите се најбарани во Германија, Белгија и Португалија, а болничарите се на прво место во Велс.

Македонија не е вклучена во ова истражување, но интересно е да се размисли која професија тука е најпосакувана. Што мислите вие?

Mia Home Mavrovo