ПРВ.мк
Македонија

По наредба на Обвинителството и Судот, полицијата одзеде документи од Општина Чаир во истрагата за дивоградбите - ова се деталите!

По наредба на Обвинителството и Судот, полицијата одзеде документи од Општина Чаир во истрагата за дивоградбите - ова се деталите!
Escape

Полицијата презеде документи од Општина Чаир како дел од истрагата за дивоградби, по налог на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, потврди Министерството за внатрешни работи за Фактор. Истовремено, документи се одземени и од Министерството за транспорт и врски.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува согласно наредби од Обвинителството и судија на претходна постапка. На 23 јули 2025 година, полициски службеници од овој оддел извршија одземање на документацијата од општина Чаир и Министерството за транспорт и врски.

Истрагата е отворена по пријавите на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која алармираше дека во Чаир незаконски се легализирани голем број дивоградби.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo