ПРВ.мк
Македонија

Две затворски казни по пет години и парична казна од 300.000 денари за фирма поради предизвикан пожар над велешкото езеро „Младост“

Две затворски казни по пет години и парична казна од 300.000 денари за фирма поради предизвикан пожар над велешкото езеро „Младост“
Escape

Основниот суд Велес пресуди дека фирмата „Реал градба“, нејзиниот сопственик Тасе Илиевски (61) и вработениот Марјан Ангелов (58) се виновни за тешки дела против општата сигурност поради пожарот што избувна на 26 август 2019 година во близина на езерото „Младост“ кај Велес.

Судијата Бојанчо Донев им изрече казни затвор по пет години на Илиевски и Ангелов, земајќи го предвид времето поминато во притвор, додека фирмата „Реал градба“ доби парична казна од 300.000 денари.

Пожарот избувнал поради искри од необезбедена брусилица додека работеле на викенд куќа и брзо се проширил, зафатил стотици хектари борова шума во рекреативниот центар и околните населби.

Обвинетите не ги почитувале прописите за безбедност при работа, што довело до запалување на тревата и потоа на голем пожар кој уништил и приватни имоти.

Проценетата штета изнесува над 27 милиони денари, од кои најголем дел е штета на државните шуми, а дел и на приватни сопственици.

Одбраната најави жалба на пресудата.

И покрај поминатите шест години, опожарената шума сè уште не е целосно обновена, а дел од теренот се користи за изградба на станбени комплекси, што го вознемирува локалното население кое бара враќање на зеленилото што беше белите дробови на градот.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo