ПРВ.мк
Македонија

Летаат казни: За еден ден 698 казни – најдоа и 46 тротинетџии

Летаат казни: За еден ден 698 казни – најдоа и 46 тротинетџии
Escape

Полицијата вчера жестоко казнуваше на улиците низ Македонија – дури 698 сообраќајни прекршоци се евидентирани во само едно деноноќие, како дел од засилените контроли што се спроведуваат низ целата држава. Изненадување е големиот број казнети возачи на електрични тротинети – 46 лица се санкционирани за различни сообраќајни прекршоци.

Најчестите причини за изречени казни биле возење со неприлагодена брзина (182 случаи) и неправилно паркирање (197 случаи), што само покажува колку често се прекршуваат основни правила во сообраќајот. Дополнително, 64 лица биле фатени без возачка дозвола, поради што биле веднаш отстранети од сообраќај.

Контролите не застанале тука: 27 казни се изречени за некористење појас, 24 за зборување на телефон додека се вози, а 49 мотоциклисти биле фатени без кацига. Има и 6 случаи на минување на црвено светло, додека 8 возачи управувале возило под дејство на алкохол и веднаш се отстранети од сообраќај.

Според Законот за возила, дополнително се изречени 4 казни за технички неисправни возила и 11 за нерегистрирани возила.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека контролите ќе продолжат и во наредните денови, а пораката е јасна: секој прекршок ќе биде санкциониран. Апелот до сите учесници во сообраќајот е – почитувајте ги правилата и придонесете за побезбедни патишта за сите.

Mia Home Mavrovo