ПРВ.мк
Црна Хроника

Нова трагедија на црната точка кај Дреново: Повторно загина брачен пар во сообраќајка

Нова трагедија на црната точка кај Дреново: Повторно загина брачен пар во сообраќајка
Escape

Смртоносната клучка Дреново – Фариш повторно однесе животи. Само еден ден по претходната несреќа, утрово на истото место се случи уште еден тежок судир со фатален исход – животот го загубил брачен пар, што повторно ја отвора дебатата за безбедноста на овој критичен патен правец.

Овој дел од експресниот пат Прилеп–Градско одамна е познат како една од најопасните делници во земјава, со бројни несреќи, многу од нив со смртни последици. Возачи и локални жители веќе подолго време алармираат – бараат подобра сигнализација, поставување на бариери, предупредувања или реконструкција, но досега институциите остануваат неми.

Како последица на денешната несреќа, експресниот пат е затворен за сообраќај, а возилата се пренасочуваат преку автопатот. Надлежните апелираат до возачите на крајна внимателност и строго придржување кон поставената сигнализација, додека се чека официјална информација за причините на несреќата и евентуални долгорочни мерки за безбедност.

Сè повеќе граѓани бараат итна реакција: колку жртви уште ќе бидат потребни за некој конечно да преземе одговорност?

Mia Home Mavrovo