ПРВ.мк
Свет

Тајна средба Трамп–Путин пред историски пресврт во војната во Украина?

Тајна средба Трамп–Путин пред историски пресврт во војната во Украина?
Escape

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин договориле директна средба што ќе се одржи во наредните денови, објави официјално Кремљ. Детали за локацијата сè уште не се соопштени, но според изјавите од двете страни – местото е утврдено и наскоро ќе биде објавено.

Ова ќе биде првата “тет-а-тет” средба меѓу Трамп и Путин откако Трамп се врати на функцијата, и доаѓа во клучен момент од повеќегодишниот конфликт во Украина. Иако не се очекува дека разговорите ќе доведат до веднаш прекин на непријателствата, средбата сепак се гледа како можен почеток на нова дипломатска офанзива.

Советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека организацијата е во завршна фаза. Русија не откри дали украинскиот претседател Зеленски ќе биде дел од некакви идни разговори.

Истовремено, новата анкета на „Галуп“ покажува драматичен пад на поддршката кај Украинците за продолжување на војната. Додека во 2022 година околу 75% од населението било за борба до победа, сега само една четвртина ја поддржува таа стратегија. Повеќето анкетирани – околу 70% – сега сакаат брзо постигнување договор, иако не веруваат дека тоа ќе се случи во наредните 12 месеци.

Во исто време, руската армија продолжува со напредок на фронтот долг 1.000 километри, каде досега загинаа десетици илјади војници од двете страни. Бомбашките напади врз урбани подрачја предизвикале смрт на над 12.000 цивили, според податоци на Обединетите нации.

Трамп неодамна му постави ултиматум на Кремљ – Русија да го запре насилството до петок или да се соочи со сериозни економски санкции. Ваквата реторика доаѓа во време кога украинската јавност е разочарана и од изгледите за НАТО и ЕУ членство.

Анкетата покажува дека само една третина од Украинците веруваат во членство во НАТО во следните 10 години, што е значителен пад во споредба со 2022 година, кога две третини имале такво уверување. Слично, и довербата во европската интеграција е во опаѓање – само 52% сега веруваат дека ЕУ членството е остварливо до 2035 година, наспроти 73% во 2022.

Иако нема гаранции дека претстојната средба ќе донесе мир, фактот дека Трамп и Путин седнуваат на иста маса е индикатор дека нешто се движи зад кулисите. Очите на светот ќе бидат вперени кон локацијата што допрва ќе се открие.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape