ПРВ.мк
Македонија

Четвртата локомотива се врати на шините – железничкиот карго сообраќај конечно стабилизиран

Четвртата локомотива се врати на шините – железничкиот карго сообраќај конечно стабилизиран
Escape

По години запоставеност и неисправност, Железници Транспорт АД Скопје денеска ја активираше четвртата електрична локомотива, која беше надвор од функција уште од 2023 година. Се работи за едно од четирите возила набавени во 2018 година, кои со месеци беа нефункционални поради лошо одржување од претходното раководство.

Со оваа интервенција, вкупниот број оперативни локомотиви сега изнесува 13, што според компанијата е доволно за непречено одвивање на внатрешниот и меѓународниот железнички сообраќај. Најважниот напредок е токму во карго-сегментот, кој сега конечно функционира стабилно – нешто што минатата година беше речиси невозможно поради недостиг од функционални локомотиви.

„Ова е доказ за сериозниот пристап кон обнова на возниот парк и гаранција за стабилен железнички транспорт“, изјавуваат од компанијата, нагласувајќи дека железницата повторно станува конкурентна алтернатива во товарниот сообраќај.

Паралелно со техничката обнова, Владата ја засилува поддршката со инвестирање во клучни проекти, како изградбата и модернизацијата на Коридор 8, како и развојот на нова брза пруга. Доказ за зголемената динамика е и успешното пуштање во употреба на железничката делница Куманово – Бељаковце, по која веќе се движат патнички возови. Сето ова го потврдува новиот правец во кој се движи железничкиот сектор – кон модернизација, стабилност и континуиран раст.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo