Најздравиот дел од денот – периодот меѓу 5:30 и 7:00 часот наутро – многумина го преспиваат, а токму тогаш телото природно е подготвено за будење, фокус и добро расположение.
Во ова време, нивото на кортизол – хормонот на енергија – е на идеално ниво. Сончевата светлина го поттикнува серотонинот, хормонот на среќата, и го стабилизира внатрешниот ритам на телото.
Будењето по 8 часот го нарушува природниот биоритам и доведува до замор, стрес и ментална магла.
Како да стануваш порано, без шокови?
- Легнувај 15 минути порано секоја вечер
- Исклучи екрани барем 30 минути пред спиење
- Утрото отвори прозорец или излези на природна светлина
Раното будење не е само навика – тоа е лек за умот, телото и целиот тек на денот.