Вчера попладне, во 12:55 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во водите на Охридското езеро е пронајден починат В.Т., 49-годишен жител на Битола.
Лекарската констатација потврдила дека смртта настанала како последица на давење.
Увидната екипа од ОВР Струга извршила увид на местото на настанот, а по наредба на Јавниот обвинител, телото по извршената обдукција е предадено на семејството на починатиот.