Градот Скопје известува дека на 29.08.2025 година, во раните утрински часови, ќе се спроведе авионска дезинсекција на целото подрачје на градот против ларви од комарци.
Доколку временските услови не дозволат спроведување на прскањето, активноста ќе се одложи за првиот нареден ден со поволни услови, во истиот термин.
Пчеларите се повикуваат навреме да преземат соодветни мерки за заштита на своите пчели за време на авионската дезинсекција.