Денеска во раните утрински часови, околу 00:10 часот, на локалниот пат село Горно Чичево – село Долно Чичево, општина Градско, се случи тешка сообраќајна несреќа. Патничко возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки управувано од 22-годишниот П.А. од Градско излетало надвор од коловозот.
Во несреќата сериозни повреди претрпеле возачот и неговите сопатници: Љ.О. (21), Б.П. (20), сите од Градско, и Х.Л. (22) од село Ногаевци. Сите биле пренесени во Општата болница во Велес за медицинска помош.
За жал, од здобиените повреди починало младото момче Љ.О., а лекарите ја констатирале смртта. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за понатамошно утврдување на причините.
Увидната екипа на СВР Велес извршила увид на местото на несреќата, а полицијата продолжува со истрага за околностите кои довеле до оваа трагедија.