ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО+ФОТО) Џорџ Клуни ненадејно се почувствувал лошо во Венеција: морал да се повлече од фестивалот

(ВИДЕО+ФОТО) Џорџ Клуни ненадејно се почувствувал лошо во Венеција: морал да се повлече од фестивалот

Холивудскиот актер Џорџ Клуни (64) ги изненадил обожавателите и новинарите на престижниот филмски фестивал во Венеција кога ненадејно му се слошило на самиот почеток на настанот.

Актерот бил принуден да ја откаже промотивната програма за својот нов филм „Џеј Кели“, како и гламурозната вечера со колегите и раководството на Нетфликс. Според „Холивуд репортер“, Клуни одеднаш се почувствувал лошо во текот на денот, а лекарите и колегите го советувале да се одмори пред официјалната прес-конференција и светската премиера на филмот во четврток.

Иако состојбата не е сметана за алармантна, причината за неговата слабост сè уште не е позната. Камерите го снимиле како околу 16:00 часот го напушта хотелот „Екселсиор“ и се качува на бродот за својата одморска вила. На овој начин, Клуни пропуштил интимна вечерта со режисерот Ноа Баумбах, Лора Дерн, Адам Сандлер и остатокот од екипата, каде требало да блесне како домаќин.

Иронично, само неколку часа претходно актерот изгледал беспрекорно, облечен во елегантен темно син костум и очила со сини рамки. Неколку дена претходно, тој и сопругата Амал прославиле доаѓањето на новиот филм во нивната луксузна вила на езерото Комо со колегите Лора Дерн, Грета Гервиг и Адам Сандлер.

Сега, наместо гламур и шампањ, Клуни се соочува со кревет и неизвесност во Венеција, оставајќи ги фановите вознемирени.

ВИДЕО

Escape