ПРВ.мк
Магазин

Едноставен трик открива: Дали навистина пиете доволно вода?

Едноставен трик открива: Дали навистина пиете доволно вода?
Escape

Во жешките летни денови, кога телото постојано губи течности преку потење, ризикот од дехидратација значително се зголемува – дури и ако не се чувствувате жедни. Но како да знаете дали сте навистина доволно хидрирани? Постојат неколку симптоми, но и еден брз и едноставен тест што можете сами да го направите за неколку секунди.

Тест со штипење на кожата

Еден од најлесните начини да проверите дали сте дехидрирани е тестот со кожата:

  • Штипнете ја кожата на горниот дел од вашата рака или на прстите.
  • Држете ја неколку секунди и пуштете.
  • Ако кожата брзо се врати во нормала – сте хидрирани.
  • Ако остане „кревида“ или побавно се враќа – можно е да сте дехидрирани.

Зошто телото губи повеќе вода летно време?

Високите температури и изложеноста на сонце го активираат природниот механизам на ладење – потење. Со потта не губиме само вода, туку и важни електролити како натриум, калиум и магнезиум. Ако не се надоместат навреме, може да се појават сериозни симптоми.

Најчести знаци на дехидратација:

  • Главоболка и вртоглавица
  • Сува уста и тежок јазик
  • Замор и слаба концентрација
  • Темна урина и поретко мокрење
  • Мускулни грчеви
  • Забрзан пулс и дишење

Во потешки случаи, дехидратацијата може да предизвика:

  • Несвестица
  • Ненадејни промени во расположението
  • Проблеми со срцето и бубрезите

Овие состојби се особено опасни за деца, постари лица и хронично болни.

Како да се заштитите?

Пијте вода редовно – дури и кога не чувствувате жед. Избегнувајте газирани пијалаци, кафе и алкохол, кои дополнително ја дехидрираат организмот. Надоместете електролити со свежо овошје, минерална вода или природни спортски пијалаци.

Запомнете: жедта е задоцнет сигнал – затоа пијте вода навреме, не кога е веќе доцна.

Mia Home Mavrovo