Вкусен и брз десерт што ќе ги освои сите!
Потребни состојки:
За пандишпанот:
- 2 јајца
- 200 г шеќер
- 250 мл млеко
- 100 г путер
- 250 г брашно
- 50 г какао
- 1 прашок за печиво
За глазурата:
- 2 лажици шеќер
- 3 лажици млеко
- 50 г путер
- 3 лажици мелени ореви
- 100 г темно чоколадо
Подготовка:
- Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките до цврста пена.
- Во жолчките додадете го путерот и измешајте со миксер.
- Постепено додавајте шеќер и мешајте повторно.
- Во посебен сад измешајте ги сувите состојки – брашно, какао и прашок за печиво.
- Постепено додавајте ги сувите состојки во жолчките, па потоа додајте го млекото. Мешајте со жица.
- Нежно вметнете ги изматените белки во смесата рачно.
- Подмачкајте калап со масло и посипете со брашно. Истурете ја смесата и печете 10 минути на 180°C.
- За глазурата, растопете путер, млеко, шеќер и чоколадо на тивок оган.
- Додадете мелени ореви и измешајте добро.
- Прелијте ја топлата глазура врз топлиот пандишпан. Оставете да се олади, исечете и послужете.
Добар апетит!