Иако САД и Европа постојано најавуваат поддршка за Украина, вистинскиот проблем не е во парите туку во производството на оружје. Русија веќе произведува околу 750 балистички ракети годишно – бројка која го надминува целиот западен капацитет. Дури и со напори да се засилат, американските производители како Lockheed Martin можат да достигнат максимум 650 ракети годишно до 2027 година.
САД досега испорачуваа оружје преку два модели: едниот им овозможуваше брзо повлекување од постоечките резерви, но тие сега се речиси исцрпени. Вториот систем се базира на долгорочни договори со бавни рокови за испорака. Така, ракетите PAC-3 најавени одамна, се почнати да се произведуваат дури во 2024 година.
Додека Украина се надева на помош, Русија веќе користи поевтини и поефикасни кинески дронови, додека западните модели како Switchblade се покажаа послаби. Дури и новите идеи на Доналд Трамп – Европа да плаќа, САД да испорачува – не ја решаваат клучната слабост: американската индустрија не може да испорача доволно оружје, ниту брзо, ниту во потребна количина.
За Украина да има шанса, не е доволна само помош од резерви. Потребна е долгорочна стратегија: постојано финансирање, масовна обука, нова логистика и целосна изградба на воен капацитет. Без тоа, украинската армија останува во подредена позиција, а руската ракетна надмоќ продолжува да го диктира темпото на војната.