Невнимание на роденденска забава во Свети Николе доведе до пожар на државно земјиште. Седумнаесетгодишно момче, синоќа околу 22:20 часот, запалило прскалка на балкон за време на приватна прослава, при што искрите предизвикале запалување на сува трева во близина.
Инцидентот веднаш бил пријавен во ОВР Свети Николе, а на терен излегла екипа од Територијалната противпожарна единица која брзо го локализирала и изгаснала пожарот. За среќа, нема повредени лица.
Од СВР Штип информираат дека е известен јавен обвинител и се преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.
Надлежните повторно апелираат на внимателно користење на пиротехнички средства, особено во летните месеци кога постои висок ризик од пожари.
Ask ChatGPT