Попладне на 15 јули околу 16:48 часот, во еден објект на приватна фирма на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје избувна пожар кој зафати дел од фасадата и складиран градежен материјал.
На терен брзо пристигнаа екипи од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје и успешно го локализираа и изгаснаа пожарот. Според досегашните информации, нема повредени лица.
Полицијата изврши увид на местото на настанот, а истрагата за причините кои довеле до избувнување на огнот е во тек.