ПРВ.мк
Економија

Владата пресекува: Основните трошоци за живот ќе се мерат по нови правила

Владата пресекува: Основните трошоци за живот ќе се мерат по нови правила
Kristal

Просечната владина потрошувачка кошничка е изготвена уште во текот на минатата година, но повеќе од шест месеци се чека став од синдикатите и работодавачите дали ја прифаќаат или имаат забелешки и предлози за нејзино дополнување.

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески изјави дека новата кошничка ќе биде најмалку 10 отсто пониска од синдикалната и во неа нема да бидат вклучени цигари, тутун, алкохол и трошоци за станарина.

Според него, синдикалната кошничка се пресметувала врз основа на цени од еден или два маркети, без поширока пазарна анализа, при што често биле земани предвид сезонски производи кои не одговарале на реалниот период. Дополнително, во пресметките била вклучена и киријата, а податоците не се однесувале на цел месец, туку се собирале околу 20-ти во месецот, што според Ристески создава искривена слика за реалната потрошувачка.

Тој објасни дека владината кошничка се темели на официјални податоци од Државниот завод за статистика, како и на анализи од шест национални синџири маркети, два регионални трговци, зелени пазари од различни делови на земјата и Земјоделскиот пазарен информативен систем. Таа е поделена на два сегменти – храна и безалкохолни пијалаци, како и услуги и други основни потреби за едно просечно четиричлено семејство.

Во неа се исклучени акцизните производи, кои Владата ги третира како луксуз, како и станарината, со образложение дека според пописот од 2021 година околу 90 проценти од домаќинствата не плаќаат кирија.

Ристески нагласи дека целта не е владината кошничка да биде конкуренција на синдикалната, туку да прикаже реална слика за основните трошоци на едно семејство, додека синдикатите и понатаму имаат право да ги користат своите пресметки во борбата за подобри плати и услови.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo