ПРВ.мк
Балкан

Улиците во Тирана се претворија во бојно поле - еве ги деталите

Улиците во Тирана се претворија во бојно поле - еве ги деталите
Kristal

Националниот протест на обединетата опозиција во Албанија синоќа повторно ескалираше во жестоки судири со полицијата во центарот на Тирана. Демонстрантите ја гаѓаа зградата во која се наоѓа канцеларијата на премиерот Еди Рама со огномет и молотови коктели, по што полицијата интервенираше со водни топови и солзавец.

Според албанските медиуми, во немирите се повредени најмалку четворица полицајци, а целосно е запалено и возило на телевизијата ABC. Дел од улиците околу владините институции беа блокирани, а ситуацијата неколку часа беше крајно тензична.

Со извици „Рама, оди си“, илјадници граѓани се собраа барајќи оставка од премиерот и од заменик-министерката за инфраструктура Белинда Балука, која неодамна беше обвинета од Специјалното тело за борба против корупцијата и организираниот криминал за корупција и злоупотреба на службената должност.

Еден од лидерите на опозицијата и поранешен премиер Сали Бериша порача дека протестите ќе продолжат сè додека не дојде до политичко решение, обвинувајќи ја власта за институционален колапс, социјална неправда и лошо управување со кризите во земјата.

Од владејачката Социјалистичка партија реагираа остро. Шефот на нивната пратеничка група Таулант Баља изјави дека секој напад врз полицијата претставува напад врз државата, нагласувајќи дека насилството нема да биде толерирано.

Албанската полиција ангажираше околу 1.400 припадници за обезбедување на централното градско подрачје, а безбедносните мерки беа засилени и околу другите државни институции.

Опозицијата најави дека протестите ќе продолжат и во наредните денови, додека политичката криза во Албанија влегува во нова, неизвесна фаза.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo