ПРВ.мк
Економија

За фирмите неприфатливо е покачување на минималната плата, работниците излегуваат на протест - еве кога!

За фирмите неприфатливо е покачување на минималната плата, работниците излегуваат на протест - еве кога!
Kristal

Барањата за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и линеарно покачување од 100 евра за останатите работници, предизвикаа силна поларизација во јавноста. Додека синдикатите најавуваат протести и инсистираат на итна корекција на платите, работодавачите предупредуваат дека ваквото зголемување е неодржливо без сериозни олеснувања од државата.

Претседателот на Бизнис конфедерацијата, Миле Бошков, вели дека клучот е во ослободувањето од социјалните придонеси, без кое, како што нагласува, бизнисите не можат да го издржат товарот.

„Секое покачување е можно само ако платата биде ослободена од дел од придонесите – од 600 до 6.000 денари. Во спротивно, тоа е директен удар врз компаниите. Барањето за минимална плата од 600 евра не значи само зголемување од 12.000 денари, туку и дополнителни околу 6.000 денари придонеси. Тоа се вкупно 18.000 денари по работник – трошок кој е енормен и нереален“, вели Бошков.

Според него, Бизнис конфедерацијата не е против раст на платите, но инсистира дека преговорите мора да се водат врз основа на тоа што економијата реално може да го поднесе, за да не дојде до затворање на фирми и губење на работни места.

Од друга страна, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) не отстапува од своите барања. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, најави дека во вторник започнуваат протести и дека притисокот ќе се зголемува.

„Две години се блокира зголемувањето на минималната плата, а за тоа време секое семејство е посиромашно за 9.250 денари месечно. И да знаат – не ни требаат 20.000 луѓе на улица. Доволни се 21 за да се блокира системот. Над 12.000 работници на протестот на 28 јануари ги исплашија, а не сме ни почнале“, напиша Трендафилов на социјалните мрежи.

Владата, пак, останува на веќе познатиот став – ќе го прифати договорот што ќе го постигнат работниците и работодавачите. Од Министерството за финансии појаснуваат дека тие постапуваат согласно закон и дека евентуалните промени зависат од одлуките на Собранието.

„Доколку во Собранието се прифати законско решение што подразбира дополнителни финансиски обврски, Министерството за финансии ќе пристапи кон обезбедување средства за негова реализација“, велат од ресорот.

Во меѓувреме, ССМ инсистира и на намалување на платите на функционерите, како мерка за солидарност и обезбедување средства, додека од КСС потсетуваат дека во март следува законски утврдено зголемување на платите, согласно постојната регулатива.

Дали минималецот од 600 евра е остварлива цел или само алатка за политички и социјален притисок – ќе покаже дијалогот што допрва треба да се води, но и улицата, која синдикатите најавуваат како следна фаза.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo