Во пресрет на празникот Св. Трифун, властите соопштија дека се реализирани средства во износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници.
Средствата се исплатени преку Мерка 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.
Министерството за земјоделство ја потврдува својата посветеност на развојот на лозарството и најавува продолжување на мерки и политики насочени кон одржливост и унапредување на земјоделското производство.
Граѓаните кои се корисници на оваа мерка се повикуваат да ги проверaт своите сметки.

















