Најмалку пет лица загинаа, а 11 се ранети во терористички напад во Ерусалим. Напаѓачот се качил во автобус број 62 и започнал да пука кон патниците. Полицијата потврди дека двајца терористи се „неутрализирани“.
Сите влезови и излези од градот се затворени, а трае потрага за идентификување на напаѓачите. Болничарите ја опишаа сцената како хаотична, со скршено стакло и ранети лица кои лежеле на патот и тротоарот.
Снимките покажуваат десетици луѓе како бегаат од автобуската станица за време на утринскиот шпиц, а мотивот за нападот сè уште не е познат.
Видео: