Тешка сообраќајна несреќа се случи на магистралниот пат кај клучката Маврово кон Гостивар, во која учествувале осум возила – четири мотоцикли и четири патнички автомобили. Според првичните информации од полицијата, најмалку пет лица се повредени.
Несреќата била пријавена нешто пред 16 часот, а на терен интервенирале екипи на Итната медицинска помош и пожарната. Сообраќајот на магистралниот пат е во прекин, а полицијата го пренасочува по споредни локални патишта.
Во моментот на несреќата на патот имало засилен сообраќај поради празничниот ден.