ПРВ.мк
Балкан

НАЈНОВА ВЕСТ: Вучиќ најави вонредно обраќање по стравичните сцени вечерва во наша соседна земја

НАЈНОВА ВЕСТ: Вучиќ најави вонредно обраќање по стравичните сцени вечерва во наша соседна земја

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, вечерва ќе се обрати по сцените на ужасно насилство предизвикани од блокадите во Нови Сад. Тој наскоро ќе зборува од командниот центар.

Според провладините медиуми, „блокадите вечерва создадоа хаос во Нови Сад, каде што присутните ја нападнаа полицијата пред Филозофскиот факултет“.

Антивладините медиуми, пак, наведуваат дека „жандармеријата вечерва интервенираше на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Насилната полициска акција започна ненадејно, кон мирно собраните граѓани. Како што објави репортерот на Н1, во еден момент се слушна гласен и продорен звук, жандармеријата почна да интервенира, користејќи палки и туркајќи ги назад граѓаните додека се движеа кон зградата на факултетот.“

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека има сознание дека учесниците на нерегистрираниот митинг во Нови Сад имале намера да ги нападнат полицајците пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование.

Протести вечерва се одржуваат во Нови Сад, Крагуевац, Ваљево, Ужице, Пријеполе и Лесковац по повик на студенти и граѓани.

Escape